Мончи не се откажува – Емери е фаворит за тренер на Рома

[one_third last=”no”]…[/one_third]

Унаи Емери останува „пик број еден“ на челниците на Рома при изборот на тренер за следната сезона. Во последните десетина дена во италијанските медиуми се шпекулира со бројни имиња, но последните информации говорат дека Емери бил и останал прв избор на новиот директор Мончи.

Овие двајца имаа беспрекорна соработка во Севилја, тим во кој беа заедно во периодот од 2013  до 2016 година и со кој три години по ред триумфираа во Лигата на Европа. Мончи ќе има ресурси за да ги доведе посакуваните засилувања на Емери, воедно и ќе му ја даде целосната поддршка што шпанскиот стратег моментно не ја чувствува во ПСЖ.

Според весникот „Тутоспорт“, Емери и самиот е разочаран во ПСЖ и веќе разговарал со својот добар пријател околу евентуалната преселба на „Олимпико“. Сепак, на потег е раководството на „светците“ од Париз, со оглед на фактот дека Емери има уште една година од договорот со францускиот вицешампион. Доколку ПСЖ реши да доведе нов стратег, Емери ќе има зелено светло за преселба во Рома, доколку тоа не се случи тој и Мончи ќе треба да почекаат уште најмалку една година за своја нова заедничка соработка.

Се вчитува...