Севилја нема да игра во ЛШ сезонава, но оптимизмот во клубот од Андалузија во пресрет на новиот шампионат се зголемува благодарение на директорот Мончи, кој повторно ја презеде контролата над засилувањата на оваа екипа. Мончи важеше за трансфер-генијалец поради одличната работа во Севилја, реши да се пресели во Рома, но во Рим не успеа да ги повтори успесите од шпанскиот клуб.
Тој реши да се врати назад на „Санчез Пизхуан“ и веднаш се фати сериозно за работа, па Севилја на 4 јули веќе има обезбедено седум засилувања за наредната сезона. Првиот трансфер беше осигуран од неговиот претходник, Капарос, кој го „капариса“ Мунас Дабур, летово за сума од 15 милиони евра од Салцбург да дојде во Севилја. Мончи го ангажираше Диего Карлос за 15 милиони евра, а веднаш по Бразилецот за 14 милиони евра беше осигуран и потписот на Жоан Џордан.
Во меѓувреме беа продадени Муриел и Промес, по што Мончи се насочи кон нови купувања, па во Севилја ги доведе и Де Јонг од ПСВ Ајндховен, a потроши и 25 милиони евра за дефанзивецот на Бордо, Жул Кунде. По продажбата на Сарабија во ПСЖ експресно беше доведена адекватна замена, па денеска е официјализиран и трансферот на Окмпос од Олимпик Марсеј. Договорена е и едногодишна позајмица на левиот бек на Реал Мадрид, Регулион, а Мончи е во преговори за ангажман на уште неколку засилувања, се со цел Севилја повторно да се вмеша во борбата за висок пласман во Ла Лига и да го нападне трофејот во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА