Мондо Дуплантис избран за најдобар спортист во Европа

Шведскиот атлетичар, скокач со стап Арманд Дуплантис, е избран за најдобар спортист во Европа за 2025 година во традиционалниот избор на европски новински агенции организиран од полската агенција ПАП.

Дуплантис (26) убедливо победи со 184 поени, дури 41 повеќе од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и 50 повеќе од словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар. Покрај ПАП, во изборот учествуваа уште 22 европска агенција.

Девет европски агенции му дадоа на Дуплантис максимален број поени, а четири агенции го ставија на втората позиција. На Светското првенство во Токио оваа година, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи шест метри и 30 сантиметри.

Се вчитува...