Монеке: Да бидеме мажи, да престанеме да се жалиме…

Црвена Звезда е во сериозна криза, тоа го покажа и последниот убедлив пораз од Жалгирис во Литванија, а српскиот кошаркарски гигант веќе утре го очекува нов сериозен предизвик – гостување против италијанскиот првак Олимпија Милано.

Чима Монеке по победата во Истанбул над Ефес еуфорично најавуваше дека „црвено-белите“ ќе играат на фајналфор турнирот, но по очајното издание во Каунас нигерискиот крилен центар побара од сите кошаркари да се разбудат и да го прикажат најдоброто од себе.

„Треба да се вратиме на својот пат, да престанеме да се самосожалуваме, туку да гледаме пред нас. Загубивме меч, да загубиш со 50 поени разлика или со еден, пораз е пораз, мораме да го оставиме тоа зад себе. Покажавме дека знаеме да играме кошарка во октомври и во ноември, но веќе не играме како тој тим од пред неколку месеци. Многу разговараме на таа тема, знаеме дека мораме да играме многу подобро, да победуваме. Да покажеме дека сме мажи, да ги оставиме проблемите на страна и да одиграме најдобро што знаеме, бидејќи ако го сториме тоа резултатот нема да изостане“, истакна Монеке, кој е најдобар кошаркар на Црвена Звезда оваа сезона.

Се вчитува...