Едно импресивно издание беше доволно за кошаркарите на Црвена Звезда да заборават на убедливиот пораз во Париз и во мислите да се вратат кон зацртаната цел – напад на место на фајналфор турнирот во Евролигата.
Чима Монеке беше најеуфоричен по големата победа во Истанбул над Ефес, јасно ставајќи до знаење дека очекува „црвено-белите“ да се најдат меѓу најдобрите четири екипи во Европа сезонава.
„Таков е нашиот менталитет, и кога многумина ќе сметаат дека не можеме, ние наоѓаме начин дда им покажеме дека грешат. Тоа е она што го мислам кога велам фајналфор – овој тим има карактер за да игра на завршницата. Денеска го покажавме тоа, направивме голем чекор напред…. Јас ќе одам на фајналфор, за вас не знам“, ја заврши Монеке изјавата веднаш по триумфот во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

