Чима Монеке дефинитивно не доаѓа во Партизан летово, иако во текот на вчерашниот ден српските медиуми се појавија со шпекулации дека вицешампионот на АБА конечно се договорил со Басконија околу висината на отштетата за овој кошаркар.
Нигериецот веќе неколку месеци се поврзува со тимот на Жељко Обрадовиќ, но со последната објава Монеке и дефинитивно објави дека нема да се сели во Србија, туку и следната сезона ќе ги брани боите на Басконија.
„Искрено, не знам кој ги измислува овие гласини, но јас се изморив од нив. Сакам да биде јасно, јас сум кошаркар на Басконија и возбуден сум во пресрет на новта сезона. Вчера зборував со тренерот Пабло Ласо и милам дека можеме да направиме нешто специјално“, порача Чима Монеке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА