Нигерскиот кошаркар и член на Црвена Звезда, Чима Монеке, за „Американос24“ изјави дека кошаркарот на македонската репрезентација Ти-Џеј Шортс нема да се вклопи во тимот на Панатинаикос.
Американецот кој игра за Македонија, од Монако во текот на летоот се пресели во Атина, и немаше добар старт во Евролигата со „зелено-белите“.
„Мое мислење е дека Шортс нема да се вклопи во Панатинаикос. Не мислам дека играч кој би можел да освои МВП, би отишол во некој друг клуб и веднаш после првиот меч во кој играл 10 минути, нема да биде стартер во вториот меч. Причината е поради тоа што Шортс не се вклопува е и Џеди Осман. Се плашам дека составот кој ќе го завршува мечот ќе биде Нан, Гранд Осман, Хернангомез и Холмс“, рече Монеке.
Изјави дека не е добро за Шортс е тоа што кога е со Нан на терен, тој игра како „двојка“.
„Тој е плејмејкер, а не играч без топка. И тоа го знаеја кога го доведоа. Нан е одличен, но она што мене лично ме загружува, е тоа што кога е заедно со Шортс на теренот, Кендрик е тој што е плејмјекер“, изјави Монеке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

