Монфис го победи Алкараз па загуби од Руне, Синер без борба до четвртфинале во Синсинати

Гаел Монфис откако го победи Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати, по само неколку часа загуби во осминафиналето од Данецот Холгер Руне со 3-6, 6-3 и 6-4.

Монфис беше добар во мечот се додека имаше свежина, но потоа се беше во рацете на Руне кој сега ќе игра против Британецот Џек Дрејпер кој, пак, беше подобар од Феликс Оже-Алијасим.

Првиот носител Јаник Синер го доби без борба мечот со Џордан Томпсон, а Хуберт Хуркач беше подобар од Италијанецот Флавио Коболи со 6-3, 3-6 и 6-1.

Понатаму продолжува и Американецот Бен Шелтон, во меч кој траеше 71 минута славејќи против Унгарецот Фабијан Марожан со 6-4 и 6-3.

Двојките во четвртфиналето се: Синер – Рубљов, Зверев – Шелтон, Хуркач – Тијафо и Дрејпер – Руне.

Се вчитува...