Монпеље е последната пречка на Вардар на патот до Ф4 во Европската лига

Француски Монпеље е последната пречка на Вардар 1961, на патот до Ф4 во ЕХФ Европската лига.

Французите вечерва во Норвешка загубија од Елверум со 31-35, но со оглед на високата победа од 12 гола разлика на првиот натпревар, лесно се пласираа во четвртфиналето на Европската лига. Па, сега ќе се соочат со Вардар во битката за Ф4.

Првиот натпрвар меѓу Вардар 1961 и Монпеље се игра на 28 април, а реваншот е закажан за 5 мај.

Се вчитува...