Монпеље се доближи до 1/4 финале и дуел со Вардар во Лигата на Европа

Францускиот тим Монпеље, многу веројатно ќе биде ривал на Вардар во 1/4 финалето во Лигата на Европа, откако вечерва во првиот меч го совлада составот на Елверум со 36-24, разлика која би требало да биде доволна да се пласира во следната фаза.

Монпеље уште на почетокот наметна иницијатива, поведе со 7-1, и како одминуваше времето само зголемуваше, и на полувремето имаше предност од 17-9. Во вториот дел иста слика, Елверум држеше колку што може, за на крајот Монпеље да дојде до убедлив триумф пред реваншот.

Вториот меч меѓу овие два тима се игра на 7. април, кога Вардар и дефинитивно ќе го дознае ривалот за пласман во полуфиналето на Лигата на Европа.

Се вчитува...