Монпелје без проблеми против Елверум, ППД Загреб конечно победи

Монпелје продолжува со одличните партии сезонава во Лигата на шампионите. Вечерва пред францускиот тим повторно „капитулираше“, норвешкиот Елверум (39-32). Во еден убав и напаѓачки ракомет од двете страни подобро се снајдоа избраниците на Патрик Канаје стигнаа до нов триумф кој повторно ги однесе на врвот на табелата во групата А од Лигата на шампионите.

Иго Деска со 11 гола беше најпрецизен кај победникот, додека кај поразените Грондал заврши со седум гола.

Хрватскиот шампион ППД Загреб конечно стигна до прв триумф сезонава во Лигата на шампионите откако на домашен терен славеше над Мешков Брест со 31-24. Одличната игра во одбраната во вториот дел беше клучна за прв триумф на Хрватите сезонава во елитата. Поранешниот „вардарец“ Иван Чупиќ со осум гола повторно беше прво име кај „плинарите“, додека кај поразените Малуш постигна шест.

 

 

 

Се вчитува...