Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс со 142-138 изминатава ноќ во НБА лигата, во вистински спектакл кој го приреди Никола Јокиќ.
„Монструозна“ игра на српскиот центар со вкупно 56 поени, а дополнети и со 16 скока и 15 асистенции, која им ја донесе победата на Нагетс по продолжението. Верувале или не, ова е прв пат во историјата на НБА некој да постигне 55 поени и да има најмалку 15 скока и 15 асистенции, што е нов рекорд на франшизата.
Плус, на сето тоа ова е трет најголем број поени постигнати од еден кошаркар на Божиќ во историјата. 56-те поени на Јокиќ против Минесота се зад Вилт Чемберлен, кој постигна 59 поени во 1961 година, и, секако, живата легенда Бернард Кинг, кој постигна рекордни 68 поени на Божиќ во 1984 година во дресот на Њујорк Никс.
Јокиќ беше придружуван од одличниот Џамал Мареј со 35 поени и 10 асистенции, додека Тим Хардавеј Џуниор имаше 19, а Спенсер Џонс имаше 12 со 8 скока.
Што се однесува до Минесота, тие беа предводени од Ентони Едвардс со 44 поени, иако тој го заврши натпреварот рано поради исклучување. Џулиус Рендл имаше 32 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека Џејден МекДениелс запиша 21 поен и 4 скока и асистенции.
Добивме уште еден дуел што ќе се памети засекогаш и добивме натпревар помеѓу Јокиќ и Едвардс што само можевме да го посакаме.
Тие заедно постигнаа 100 поени, 22 скока и 18 асистенции, а Денвер победи во продолжение.
Јокиќ имаше 18 поени во првата четвртина, постигнувајќи или асистирајќи за 10 од 12-те поени на Нагетси во четвртината.
Тоа беше неговиот 179-ти трипл-дабл во кариерата со седум минути до крајот на третата четвртина и е само на два трипл-дабл поени од израмнување со Оскар Робертсон на второто место на вечната листа.
NIKOLA JOKIC TONIGHT:
56 POINTS
16 REBOUNDS
15 ASSISTS
2 BLOCKS
15/21 FGM
4/6 3PM
22/23 FTM
43 MINUTESBEST PLAYER IN THE WORLD pic.twitter.com/S90W2SnAzH
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 26, 2025
Како што веќе споменавме, тој имаше 56 поени, 16 скока и 15 асистенции и ова е само втор натпревар во историјата на лигата со 50 поени, 15 скока и 15 асистенции, а прв со најмалку 55 поени и по 15 скока и асистенции. Во 2016 година, Џејмс Харден ја имаше споменатата статистика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

