Тејлор Фриц и Андреј Рубљов се првите полуфиналисти на Мастерс-турнирот во Монте Карло, откако излегоа како победници од четвртфиналните пресметки со Стефанос Циципас, односно Јан-Ленард Штруф.
Особено импресивно делуваше Фриц, кој одигра маестрално против Циципас, рутински славејќи со 2-0 во сетови. Американецот го отвори мечот со два брејка на сервис на противникот, лесно добивајќи го првиот сет со 6-2. Циципас само за момент се консолидираше, но потоа уште два пати ги загуби сервисот пред крајот на вториот сет (при 3-3 и при 4-4), за на крајот да загуби со 6-2, 6-4.
Рубљов не виде мака во пресметката со Штруф, триумфирајќи во првиот сет со 6-1, а потоа во тајбрејкот од вториот со 7-5, за пласман во полуфиналето каде го очекува токму дуел со Фриц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

