Челси и Севилја се договорија околу позајмицата на напаѓачот Мичи Батшуаи. Андалужаните ќе исплатат 1.5 милиони евра за шестмесечната позајмица на белгискиот репрезентативец, додека во договорот нема опција за целосно откупување на фудбалерот.
Батшуаи сезонава одново е „бек-ап“ план на Конте, лани предност имаше Диего Коста, сега Алваро Мората, па Белгиецот беше веќе извесно време посакува да го напушти „Стемфорд бриџ“ со цел да добие повеќе шанси за настап. Севилја се покажа како најдобра опција, а Батшуаи сега е во трка со времето да обезбеди место во репрезентацијата на Белгија во пресрет на СП во Русија.
Иако најчесто влегуваше од клупата, голгетерот на „сините“ забележа 22 настапи во сите натпреварувања на кои девет пати се запиша во листата на стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА