Милан го загуби градското дерби од Интер со 3-2, со гол од пенал што го реализира Мауро Икарди во 90.минута од средбата. На тоа претходеше стартот на Родригез над Д’Аброзио во шеснаесетникот на „росонерите“.
Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, цинично вели дека би сакал во иднина вакви пенали да се судат и за неговиот тим.
„Не сакам премногу да коментирам за судењето и за пеналот. Но, факт е дека Д’Амброзио го одработи тоа одлично. Падна и доби пенал од судијата, иако топката беше далеку. Се надевам дека во иднина и нас ќе ни судат такви пенали“, изјави Винченцо Монтела.
Милан е во серија од три последователни порази и тоа може да биде кобно за иднината на Монтела на клупата на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА