Турција има три бода по првото коло од ЕВРО 2024, па избраниците на Винченцо Монтела полни со самодоверба влегуваат во денешниот дуел со Португалија, кој би можел да го реши победникот во оваа група од европскиот шампионат.
Португалците се фаворити во мечот, но турскиот селектор Винченцо Монтела јасно стави до знаење дека неговиот тим нема да се предаде и дека поседува квалитет за да стигне до позитивен резултат.
„Секако дека Португалија има многу квалитети во играта. Сепак, ние мораме да мислиме на сопствените квалитети, да играме онака како што знаеме, да не се плашиме, јас не гледам зошто би се плашеле од Португалија. Клучот е да бидеме обединети и да не им оставаме простор, бидејќи се многу брзи и знаат како да го казнат тоа. Ако сме компактни, ако покажеме единство во играта, можеме да стигнеме до резултатот што сите го посакуваме“, изјави Монтела пред денешниот меч што почнува во 18 часот.
Турците немаат пласман во осминафиналето на ЕП уште од 2008 година, „пост“ што би требало да го прекинат токму на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА