Шпанскиот прволигаш го ангажираше Винченцо Монтела за нов тренер, откако претходно се раздели со Едуардо Берицо. Раководството на клубот отпатува во Италија и брзо ги договори деталите со Монтела, а договорот е потпишан во текот на денешниот ден, по „раскинувањето“ на стратегот со италијанскиот калчолигаш Милан. Тој до пред еден месец седеше на клупата на „росонерите“, но доби отказ порази слабите резултати.
Сепак, Монтела веќе има нов предизвик. Тој потпиша договор до јуни 2019 година, а првиот тренинг со својот нов тим треба да го одработи во текот на утрешниот ден.
Севилја по 19 одиграни кола се наоѓа на петтата позиција во Ла Лига со 29 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА