Севилја денес го претстави новиот тренер Винченцо Монтела, италијанскиот стратег кој треба да го предводи тимот во следната година ипол. Наследникот на Едуардо Берицо истакна дека Севилја е идеален тим да ги примени своите идеи во фудбалот, но посочи дека тимот ќе мора да игра со поголема страст, како и одговорност доколку сакаат оваа сезона да виде успешна.
„Мило ми е што добив шанса да работам во оваа прекрасна средина. Севилја е идеален тим за остварување на моите идеи во фудбалот. Воодушевен сум од атмосферата во овие простории, стадионот и навивачите се прекрасни, ми останаа убави спомени од моето последно гостување тука кога ја водев Фиорентина и се сретнавме во Лигата на Европа. Се надевам дека за брзо време ќе почнеме да се подобруваме, мене ми е важно моите играчи да покажат желба за победа на теренот, но воедно да бидат одговорни, а доколку сме заедно и во добро и во лошо, ќе следуваат и позитивни резултати“, истакна Монтела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА