Тренерот на Монца, Рафаелe Паладино го продолжи договорот со клубот до 2024 година. Тимот имаше тешка задача поради фактот што за него имаше интерес од Олимпик Марсеј и од Јувентус, меѓутоа на крајот се реши да остане во тимот.
Паладино дојде од младинскиот тим на Монца, и направи голем успех откако успеа да обезбеди опстанокот со тимот во првата сезона во Серија „А“. Тимот бележеше неколку добри резултати, меѓу кои и победи над Наполи, Јувентус во Торино и на домашен терен, Интер на „Џузепе Меаца“…
Паладино беше назначен за тренер во септември 2022 година, и тоа на своето деби го совлада Јувентус со 1-0. Ја доби и наградата за најдобар тренер за април 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА