„Бекет Лејн Венчрс“, фирма за ризичен капитал со седиште во Ларчмонт, Њујорк, го предводи конзорциумот што го купи клубот.
Вкупната вредност на зделката се проценува на околу 45 милиони евра, што е околу половина од годишниот промет на клубот предвиден со буџетот за 31 декември 2024 година (околу 85,7 милиони евра). Конечната проценка беше под влијание на испаѓањето на тимот во Серија Б на крајот од минатата сезона.
Американската група инвеститори го вклучува и Брендон Бергер, поранешен директор за маркетинг на Челси.
Договорот е структуриран на следниов начин: 80% од акциите на клубот ќе бидат префрлени ова лето, а преостанатите 20% треба да бидат префрлени до јуни 2026 година. До финализирањето на договорот, семејството на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, преку „Фининвест“, ќе задржи претставување во одборот на директори на клубот пропорционално на нивниот удел во акциите.
„Финивест и Бекет Лејн Венчрс (BLV) денес потпишаа договор за продажба на Монца. Договорот предвидува почетен трансфер на 80% од акциите на клубот во текот на летото, а преостанатите 20% треба да бидат префрлени до јуни 2026 година.“
Дотогаш, „Фининвест“ ќе задржи место во одборот на директори на клубот што одговара на неговиот удел. Предводен од Брендон Бергер, фондот е стратешки и финансиски партнер за компании што работат во спортската, медиумската и забавната индустрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

