Монца стигна до една од најголемите победи во својата историја откако во 25. коло од италијанското првенство славеше на домашен терен со 4-2 против Милан во натпревар во кој победникот беше решен во драматична завршница.
Крајот на првото полувреме беше кобно по Милан откако во 45. минута прво Песина реализираше пенал за 1-0, а потоа во шестата минута од судиското продолжение Мота ја затресе мрежата за 2-0.
Во 53. минута „росонерите“ остнаа и со играч помалку откако Јовиќ заработи директен црвен картон да удар во лицето на противникот, но во Жиру во 65. минута со гол донесе надеж за Милан. Во 88. минута Милан стигна и до изедначување преку Пулишиќ, но само две минути подоцна Бондо го постигна и третиот гол за Монца. Конечниот резултат го постави Коломбо кој во 95. минута реализираше контра напад.
Со поразот Милан испушти шанса да се искачи на втората позиција на табелата, додека Монца останува на 11. место со 33 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА