Фудбалскиот клуб Монца откри плоча на својот стадион посветена на починатиот поранешен претседател на клубот, Силвио Берлускони. Истата е поставена на неговото седиште на стадионот и на неа е запишан еден од неговите познати цитати:
„Кој верува ќе се бори, ќе ги совлада сите препреки, кој верува, ќе победи“
Берлускони кој во минатото со успех го предводеше Милан ја превзема Монца во 2018 година. Во тој момент клубот се натпреваруваше во ниските категории и беше во стечај, а во 2022 година по 19 години успеа да се врати во калчо-лигата.
“𝑺𝒊𝒍𝒗𝒊𝒐 𝑩𝒆𝒓𝒍𝒖𝒔𝒄𝒐𝒏𝒊 𝒔𝒆𝒎𝒑𝒓𝒆 𝒄𝒐𝒏 𝒏𝒐𝒊” ⚪️🔴
Targa in onore del presidente a Monza, sul seggiolino dove sedeva abitualmente all’U-Power Stadium 🏟️#Berlusconi #Monza #SerieATIM #DAZN pic.twitter.com/rfec4n7YU9— DAZN Italia (@DAZN_IT) September 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

