Интер во 93. минута остана без триумф на гостувањето против Монца во 17. коло од Серија А. И покрај тоа што „нераѕурите“ беа блиску до победата, останаа без трите бода поради голот на Калдирола во последните секунди од средбата.
А, Дармиан уште во 10. минута ги донесе „нераѕурите“ до водство од 0-1.
Домаќините израмнија во 11. минута, но веќе во 22. минута Лаутаро Мартинез постигна погодок за 1-2.
Кога се чинеше дека Интер ќе ја однесе победата, во 93. минута Калдирола погоди за шок на фаворитот кој остана без планирани два бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА