Сезоната во Алпскиот светски скијачки куп почнува традиционално во Зелден. Стартот е закажан за викендот 17 и 18 октмоври. Календарот на трките од Светскиот куп принудно поради пандемијата на коронавирусот претрпе измени, но ФИС ќе се обиде да ги одржи сите предвидени натпреварувања и покрај потешкотиите со патувањата во одредени земји.
„Оваа година буквално станува збор за преживување. Имаме мисија – мораме да ги возиме трките. Светкото првенство кое во февруари ќе се одржи во Италија ќе биде финасиски спас бидејќи ќе донесе приходи од маркетинг и од Тв права. Парите ќе им ги поделиме на федерациите за да можат да преживеат сезоната. На почетокот најмногу се грижевме околу тестирањето, но брзите тестови го решија тој проблем. Сериозен предизвик ќе претставуваат ограничувањата и можеби нема да можеме да патуваме во некои земји. За скијачите ова е од животно значање. Затоа што тоа е единствениот начин да заработат. Очекуваме повеќе проблеми во Франција и во Италија“ – вели пред стартот на сезоната директорот на трките во Интернационалната скијачка федерација, Маркус Валднер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА