Честите повреди и отсуството на стандардните Лаутаро Мартинез и Хакан Чалханоглу го примораа тренерот на Интер, Симоне Инѕаги на неочекуван потег за средбата против Верона во Серија А, шанса да му даде на Хоакин Кореа.
Аргентинецот кој досега одигра само 38 минути во Серија А, се најде на теренот од самиот почеток и одговори на довербата на вистински начин со гол и две асистенции.
Потегот на Инѕаги и блесокот на Кореа го прокоментира и легендарниот Џузепе Бергоми да упати охрабрувачка порака до сонародникот на клупата на Интер.
„Би сакал нешто да потенцирам. Секој од нас, особено светот на Интер, треба да му верува на Симоне Инѕаги. Затоа што постојано добива критики. „Менува седум играчи, го тера Кореа да игра и така натаму…“
Но потоа, на крајот на денот, тој има девет победи и две нерешени натпревари од последните 11 натпревари. Ротираше многу играчи и се справи со повреди, можеби не тешки, но имаше мускулни пробллеми за Чалханоглу, Ачерби, Зиелински.
Тој се соочи со тешкотии во секој оддел, но добро му оди во начинот на кој управува со играчите. Тоа е вистинската стратегија, затоа што мора да останете во првите четири“, порача Бергоми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА