„Мора да се фокусираме на младите категории во мак-кошарката…, талентираните деца да не брзаат со заминување во странство!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваше едно од најголемото имиња на македонскиот спорт во историјата, Владо Илиевски, сега главен менаџер во Кошаркарската федерација на Македонија за сите национални селекции.

Меѓу бројните теми на кои се разговараше, Илиевски со став и дека мора во иднина фокусот на федерацијата да биде насочен кон младите категории, и во координација и со сите домашни клубови да се овозможи непречен развој за сите македонски таленти.

„Дефинитивно, мора да се насочиме кон тие млади категории, на таа транзиција од младинска во сениорска конкуренција. Мора да препознаеме кое дете заслужува прилика, мора да бидеме храбри во тој процес, некогаш да истрпиме, како што некогаш нас не трпеле тренерите со грешки, со потези коишто нели не биле на ниво во тој поглед во кошарката. Мислам дека е крајно време да се освестиме дека децата се почесто си одат од Европа со причина. Затоа што полесно е да добиеш прилика моментално во Америка на Колеџ, отколку во Европа во, во било кој ранг. Еве го примерот да кажеме и на нашиот Андреј Јакимовски кој успешно прави кариера“ – вели Илиевски.

Според македонската кошаркарска легенда неопходно е младите кошаркари да не брзаат со рано заминување во странство, и да се обидат најпрво тука на домашно тло да е докажат и во сениорската кошарка…

„Но, многу наши дечиња отишле надвор и не успеале како Андреј. Секоја индивидуа, секое дете кое што се бори да стане професионалец, ако е навистина фокусирано и ако навистина има амбиција, ќе го најде патот. Многу е важно да останат што подолго во домашна средина додека не дојдат до некое ниво кај што стварно и ние, да кажеме, и јас како некое сега стручно лице, и федерација, ќе препознаеме дека тоа дете, тој млад играч којшто го имаме, го поминал ова ниво на играње кошарка и дека му треба некое повисоко ниво и заедно сите да му помогнеме да ја најде вистинската средина“ – дополнува Владо Илиевски.

=================================================
ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВЛАДО ИЛИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...