Далас Маверикс имаат голема шанса да го пропуштат плеј-офот во НБА лигата откако по трејдот со кој го ангажираа Кајри Ирвинг тимот бележи катастрофални резултати и во моментот е 11. место во Западната конференција, борејќи се само за место во плеј-инот.
Големо незадоволство од сезоната искажа најдобриот играч на тимот од Тексас, Лука Дончиќ па во јавноста се појавија прашања за неговата иднина. На оваа тема сега говореше првиот човек на клубот, Марк Кјубан кој вели дека неговиот тим мора да заслужи за Словенецот да остане во „сино-белиот“ дрес до крајот на кариерата.
„Од ниеден играч нема да слушете да каже „Еј ќе останам тука во следните 17 години“. Лука најверојатно сака да остане, но ние мораме да го заслужиме. Има само еден начин за тоа, а тоа е да освоиме прстен. Се додека не го направиме тоа ќе има прашања за тоа каде ќе игра Дончиќ во кариерата“, вели Кјубан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

