Моралес заминува од Вардар и оди кај Дибиров

Вардар се подготвува за големото дерби со Еурофарм Пелистер в недела, а во меѓувреме од Хрватска пристигнува информација дека уште еден важен играч на „црвено-црните“ се подготвува да ги смени клупските бои.

Кубанскиот интернационалец Куни Моралес е подготвен да стави крај на авантурата во дресот на Вардар и да го замени македонскиот првак со хрватскиот шампион Загреб. Како што јавува порталот „24 Сата“ повикувајќи се на извори од управата на Загреб, преговорите се во завршна фаза и големи се шансите Коралес во наредната сезона да се пресели во тимот за кој веќе настапуваат поранешните „вардарци“ Тимур Дибиров и Чупиќ.

Вардар во моментов за следната сезона на позицијата десен бек го има македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, но се очекува да биде доведен уште еден играч во овој дел од тимот, во зависност од тоа дали „црвено-црните“ ќе добијат дозвола од ЕХФ за учество во европските купови наредната сезона.

Се вчитува...