ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Репрезентацијата на Македонија има еден гол негатива (16-15) по првите 30 минути во дуелот со Црна Гора во второто коло од прелиминарната фаза на ЕП во Хрватска.
Раул Гозналес го почна натпреварот со Немања Прибак на плејмејкерската позиција, а Филип Миркуловски кој на мечот со Словенија доби повреда на зглобот, остана на клупата. Првиот погодок за Македонија го постигна Филип Талески и Македонија ја имаше иницијативата, но по серијата грешки на „црвено-жолтите“, Црногорците поведоа со 6-4. Раул Гонзалес, беше принуден да реагира со тајм-аут и да го внесе Миркуловски во игра. Големиот борец иако два дена се бореше со повредата, веднаш ја презеде својата вообичаена улога, изнуди седмерец по кој Македонија дојде на еден гол разлика. Сепак, Црногорците го останаа во водство до 19.минута кога Гоце Георгиевски од контра изедначи на 10-10.
Борко Ристовски го одбрани нападот на Црна Гора, а Дејан Манасков реализира контра за водство со 10-11. Но, Црногорците не се предаваа и ја казнуваа секоја грешка на противникот и на пет минути до крај на полувремето повторно дојдоа до предност 14-13. Филип Кузмановски со својот прв гол на ова ЕП, донесе ново изедначување. Со егал (15-15) двете репрезентации влегоа и во последната минута од првиот дел. Но, Црногорците го искористија полседниот напад и со погодокот на Немања Грбовиќ обезбедија минимална предност на одморот (16-15).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА