Џа Морант доби суспензија од 25 натпревари од страна на НБА лигата, а ќе добие и парична казна од 7,5 милиони евра од страна на неговиот клуб Мемфис Гризлис за вториот испад на социјалните мрежи каде повторно се појави со огнено оружје во раце.
По соопштувањето на одлуката на раководството на првенството одново на социјалните мрежи се огласи Морант кој и овој пат се извини за грешките и најави дека времето надвор од теренот ќе го искористи за подобрување на металното здравје и манирите, а се надева дека ќе добие и шанса да докаже дека не е лош човек како што изгледа.
„Имав доволно време за да ги размислам работите и сфатив дека нанесов многу болка. Сакам да им се извинам на НБА, на клубот, на моите соиграчи и градот Мемфис. На Силвер, Клеиман, Пера – кои ми дадоа можност да бидам професионален атлета и ми дадоа поддршка – Навистина ми е жал за се што направив. Сите деца кои се угледуваат на мене, жал ми е бидејќи ве изневерив како идол. Ветувам дека ќе бидам подобар. До сите спонзори – ветувам дека подобро ќе ве претставувам. Фанови, да знаете дека ќе се оддолжам.
Одморот од сезоната и суспензијата ќе ги искористам за работа на моето ментално здравје и носењето на подобри одлуки. Ќе тренирам напордно за да се вратам на теренот подготвен. Се надевам дека ќе ми дадете шанса да докажам дека сум подобар човек отколку тоа што го покажав“, соопшти Морант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

