Полицијата во Глендејл ја заврши истрагата за случајот со кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант. По натпреварот со Денвер, Морант мавташе со пиштол во ноќен клуб и се „пофали“ со тоа на социјалните мрежи.
Што се однесува до полицијата, случајот е затворен и Морант нема да биде казнет бидејќи „нема доволно докази за да се обвини за кривично дело или прекршок“. Што се однесува до неговата ситуација во клубот, приказната е далеку од завршена.
Тимот веднаш објави дека Морант нема да биде таму барем на следните четири натпревари, но тоа можеби не е крајот. НБА лигата има строги правила во колективниот договор, оној кој на играчите им гарантира високи плати и други бенефиции, а во него јасно стои дека е забрането носење огнено оружје.
Според правилникот, тоа е автоматска суспензија од 50 натпревари за играчот кој не ги почитувал правилата, а во овој случај тоа е Џа Морант. Моментално е нејасно кога бекот на Мемфис Гризлис ќе може да се врати на паркетот, но се чини дека тоа нема да се случи наскоро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

