Морант влегува во Европа: Вложува пари во поранешниот клуб на Вембенјама

Американската кошаркарска ѕвезда Џа Морант и неговата медиумска компанија „Catch 12“ влегоа во европската кошарка со инвестиција во францускиот клуб Метрополитанс, клубот за кој во минатото настапуваше 224 сантиметри високата ѕвезда Виктор Вембенјама.

Метрополитанс во моментот настапува во третиот ранг на француската кошарка, но новото сопствеништво има амбиции за враќање во елитата, проект кој го препозна и Џа Морант.

И покрај тоа што сумата која е инвестирана засега е непозната, се претпоставува дека станува збор за милионска инвестиција.

Се вчитува...