Мораше да се замешаат соиграчите: Жестока караница на Модриќ и Лукас Васкез

Фудбалерите на Реал Мадрид ја одбранија светска клупска шампионска титула откако вчера во финалето во Абу Даби славеа против Ал Аин со убедливи 4-1.

„Кралевите“ лесно се справија со Ал Аин кој и онака го изненади фудбалскиот свет со пласманот во финалето.

Сепак, по мечот некако се издвои ситуацијата во која се најдоа Лука Модриќ и Лукас Васкез кои жестоки се караа меѓу себе. Додека останатите ја слевеа титулата, Модриќ и Лукас се објаснуваа меѓу себе, гестикулирајќи полемизирајќи се додека не се појавија неколку нивни соиграчи да ги смират.

 

Не е познато за што се расправаа, но за среќа се брзо се смири.

Се вчитува...