ПСЖ си ги врати шансите за пласман во следната рунда од Лигата на Шампионите по победата од 1-0 над Лајпциг. Нејмар го отвори резултатот од пенал, но „светците“ потоа во второто полувреме одиграа класичен бункер, чувајќи ја оваа минимална предност. Рецептот на крај вроди со плод, а Тухел се спаси од отказ бидејќи неуспех на оваа средба ќе значеше и негово заминување од клупата.
Јувентус со многу, многу среќа го скрши отпорот на Ференцварош, триумфирајќи со 2-1 над унгарскиот првак. Гостите први поведоа, Роналдо израмни на 1-1, а херој на мечот беше Алваро Мората, кој ја искористи слабата интервенција на гостинскиот голман за постигнување на победничкиот погодок.
Барселона и со својот втор тим стигна до рутинска победа на гостувањето против Динамо Киев (0-4), со што каталонскиот гигант се зацврсти на првото место во групата. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, резултатот го отвори десниот бек Дест, по што двапати меѓу стрелците се запиша и Бреитвајт, a конечните 0-4 ги постави Гризман.
Манчестер Јунајтед благодарение на фуриозното прво полувреме го совлада Башакшехир со 4-1, одмаздувајќи му се на турскиот првак за поразот во Истанбул. Бруно Фернандеш ги постигна првите два гола за „црвените ѓаволи“, на 3-0 од пенал зголеми Рашфорд, за гостите во второто полувреме само да го ублажат поразот преку Турук. Конечните 4-1 во судиското продолжение ги постави Џејмс.
Борусија Дортмунд славеше со 3-0 на натпреварот против Бриж, два гола на „милионерите“ беа дело на Халанд, а еврогол од слободен удар постигна и Џејдон Санчо.
Лацио го совлада тимот на Зенит со 3-1, со што „лацијалите“ и „милионерите“ од Дортмунд се на добар пат да обезбедат учество во следната фаза од ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

