Мората е најдобриот стрелец на Шпанија во историјата на Европските првенства

Алваро Мората со шест гола е најдобриот стрелец на Шпанија во историјата на Европските првенства. Напаѓачот на Јувентус ја спаси Шпанија со Италија во полуфиналето (1-1), меѓутоа, промаши пенал и им озвоможи на „аѕурите“ да патуваат во големото финале на Европското првенство (ЕП) кое се игра во повеќе земји.

Напаѓачот влезе од клупата за резерви во второто полувреме и во листата на стрелците се запиша во 80. минута. Херојот подоцна стана трагичар, но со овој гол на „Вембли“, Мората влезе во шпанската историја и запиша голем рекорд.

Имено, Мората дојде до бројката од шест постигнати гола во дресот на „фуријата“ на Европските првенства, па тој е најефикасниот Шпанец на настапите на ЕП. Досега, рекордот го држеше Фернандо Торес со пет гола, но сега тој во целост е на Мората.

Најдобар стрелец во историјата на Европските првенства е Кристијано Роналдо со 14 постигнати гола, пред Мишел Платини со девет и Алан Ширер и Антоан Гризман со по седум гола.

Се вчитува...