Алваро Мората е чекор поблиску до заминување од Јувентус откако стана јасно дека „старата дама“ нема намера да ја активира клаузулата со која може за 35 милиони евра да го откупи неговиот договор со Атлетико Мадрид. Јуве има рок до 15 јуни да го стори тоа, но ставот на италијанскиот гигант е јасен – сумата е превисока и Атлетико ќе мора да ја намали доколку сака да го продаде Мората на „старата дама“.
Неофицијално, Јувентус е подготвен да понуди само 20 милиони евра, Атлетико нема намера да прифати, по што „старата дама“ ќе го сврти своето внимание кон Луис Муриел од Аталанта. Колумбискиот ветеран има само уште една година од договорот со Аталанта и би бил достапен за околу 15 милиони евра, згора на тоа станува збор за играч за кого тренерот Алегри има многу високо мислење. Според Алегри, Муриел е идеален партнер во нападот за Душан Влаховиќ, нешто што не важи за Мората, поради што „старата дама“ не е премногу загреана за договор со Атлетико за откуп на шпанскиот напаѓач.
„Старата дама“ летово ја очекува речиси целосен ремонт во навалната линија, со оглед на фактот дека Дибала ќе си замине како слободен играч, истото ќе го стори и Бернардески, а покрај Мората големи се шансите во клубот по позајмицата да не остане ниту Кеан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА