Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората пристигна на „Ванда Метрополитано“, ги мина медицинските прегледи и стави потпис на 18-месечен договор со Атлетико Мадрид. Поранешниот играч на „кралскиот клуб“ изјави дека едвај чека да заигра како „јорганџија“.
„Среќен сум што ќе го носам дресот на Атлетико Мадрид и евдвај чекам да заиграм во новиот дрес“, изјави Мората на промоцијата.
Веќе на 9.феврари, Мората како член на Атлетико Мадрид ќе го игра градското дерби против Реал, а потоа на 20.февруари ќе се сретне и со уште еден поранешен клуб, италијанскиот првак Јувентус, во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА