Алваро Мората до крајот на денешниот ден и официјално ќе стане нов член на Атлетико Мадрид откако асот на Челси пристигна во шпанскиот главен град и веќе ги мина лекарските прегледи.
„За среќа се мина добро. Едвај чекам да почнам да играм за Атлетико, сите што ме познаваат знаат дека првите чекори во овој спорт ги минав токму во дресот на Атлетико Мадрид“ – изјави Мората, кој ќе треба допрва да ги освои навивачите на новиот клуб, со оглед на фактот дека претходно во два наврати настапуваше за градскиот ривал Реал.
Мората доаѓа во Атлетико на 18-месечна позајмица од Челси, откако воопшто не ги оправда очекувањата по 70 милиони евра вредниот трансфер од Реал во лондонскиот клуб. Доколку во Атлетико се задоволни од неговите игри, шпанскиот прволигаш ќе му плати на Челси 50 милиони евра за во јуни 2020 година целосно да го откупи неговиот договор со премиерлигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА