Мората го одбра Комо

Преговорите меѓу Алваро Мората и Комо се во завршна фаза. Договорот со Галатасарај за предвремено раскинување на позајмицата на напаѓачот од Милан е практично постигнат и зделката е прашање на време.

Мората веќе се согласи да се приклучи на Комо и да се врати во Италија само шест месеци по неговото преселување во Истанбул. Неговата позајмица истекуваше во јануари 2026 година.

Само еден разговор со Сеск Фабрегас беше доволен за да го убеди Мората да го носи тимот на Комо, а Милан даде зелено светло.

32-годишниот фудбалер постигна 7 гола и имаше 3 асистенции на 16 официјални натпревари за тимот на Галатасарај

Се вчитува...