Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората ќе го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок и ќе замине во Челси, открива шпанскиот „Диарио Гол“. Тој веќе ги договорил личните услови со раководството на клубот и ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“ по завршувањето на сезоната. Мората и неговата свршеница веќе и биле тајно во Лондон за да ја одберат локацијата на својот нов дом.
Мората оваа сезона најчесто беше на клупата за резервни фудбалери на Реал Мадрид и токму тоа е причината за неговото заминување. Сака многу поголема минутажа, а не ја доби од Зинедин Зидан, кој го преферираше Карим Бензема како избор за прв напаѓач, иако Мората има и подобар голгетерски ефект, во минутите кога ја добиваше својата шанса од клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА