Челси стигна до осмата победа во Премиер – лигата, откако го совлада Кристал Палас со 3-1 на „Стемфорд бриџ“. Тимот на Сари продолжува со потера по Манчестер сити и има два бода негатива во однос на „граѓаните“.
Алваро Мората во 32.минута постигна водечки гол за „сините“ од Лондон, но Таунзенд ја неутрализираше на почетокот од вториот дел. Сепак, повторно Мората беше стрелец за ново водство во 65.минута, а Педро се надоврза по само пет минути, за конечни 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА