Екипата на Милан дојде до шестата победа во Серија „А“ откако денеска во 14 коло на „Сан Сиро“ ја совлада екипата на Емполи со 3-0.
Мората и два пати Рејндерс погдодија, за на крај конечна победа за „росонерите“, со што ја прекинаа серијата од два меча со нерешен резултат во италијанскиот шампионат.
Мората во 19. минута донесе водство за домашниот тим. Рејндерс во 44 минута зголеми на 2-0, и така го доближи Милан до победата.
После еден противнапад во 69. минута од средбата, Рејндерс постигна и втор гол, трет за Милан за конечен триумф и три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА