Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и дефинитивно одлучил да го напушти Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона. Тој е незадоволен од статусот на резерва и малата минутажа и токму поради тоа ќе се одлучи да си замине. Шпанскиот медиум „Диарио Гол“ открива дека неговата следна дестинација ќе биде англискиот премиерлигаш Челси. Менаџерот Антонио Конте му ветил дека ќе има многу поголема минутажа на „Стемфорд бриџ“, со оглед дека многу веројатно е од Челси да си замине Диего Коста, а и Еден Азар е во плановите на Реал Мадрид.
Алваро Мората веќе им се пофалил на своите најблиски пријатели дека од лето ќе го носи дресот на Челси, а англискиот клуб за тоа ќе треба да плати околу 50 милиони евра. Мората има валиден договор со Реал Мадрид до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА