Мората ќе мора на „принуден одмор“ до февруари

Комо претрпе убедлив пораз на гостувањето против Интер, но уште поголем проблем за тренерот Фабрегас претставува повредата што ја заработи Алваро Мората.

Шпанскиот голгетер се пожали на болка во пределот на мускулот и мораше да биде заменет уште во првото полувреме, а деталните прегледи само ги потврдија стравувањата дека проблемот воопшто не е наивен. Според првичните прогнози, Мората ќе паузира повеќе од месец и половина, а неговиот камбек на терените можеме да го очекуваме најрано во февруари 2026 година.

„Можеме да потврдиме дека деталните прегледи врз Алваро Мората покажаа повреда од висок степен на мускулот на левата нога. Му посакуваме на Мората што поскоро опоравување’, се вели во соопштението на Комо.

Се вчитува...