Мората: Ќе се борам како „куче“ за Милан

Алваро Мората денеска беше претставен како ново засилување на Милан . 31-годишниот напаѓач пристигна од Атлетико Мадрид за околу 13 милиони евра и потпиша 4-годишен договор, добивајќи 4,5 милиони по сезона.

Се очекува Шпанецот да има главна улога во нападот на „росонерите“ во новата сезона заедно со Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ .

„Сакам да им се заблагодарам на сите што ме вратија во ова првенство. Имав неколку можности да се вратам во Италија во последните години, но штом ме повика Златан, не сакав да размислувам за ништо друго. Милан беше тимот кој најмногу ме посакуваше и се трудеше да ме ангажира. На Европското првенство веќе се чувствував како играч на Милан. Ми покажаа доверба. Многу пати чув дека Милан е Милан. Едвај чекам да излезам на теренот. Не можам да ветам титули, но можам да ветам дека ќе трчам како куче за успеси“, изјави Мората.

Трансферот на Мората предизвика и гнев кај навивачите на Јувентус, кои сигурно нема да му простат на некогашниот свој миленик.

Се вчитува...