Мората: Милан игра сличен фудбал како Шпанија, ќе дадам многу голови за овој тим…

Алваро Мората стигна до европската титула со селекцијата на Шпанија, по што веднаш реши да си замине од Атлетико Мадрид и да се пресели во редовите на Милан.

Летниот одмор заврши, Мората веќе се приклучи на подготовките на „росонерите“, а искусниот 31-годишен голгетер делува максимално мотивирано во пресрет на новата авантура.

„Сакам да победувам, секогаш сакам да постигнувам голови, но најважно во кариерата ми е тимот да победува, тоа е поважно од моите лични статистички. Она што ми се допаѓа е што Милан има стил на игра сличен на селекцијата на Шпанија, такашто верувам дека ќе дадам многу голови за новиот тим. Веднаш штом ја добив понудата ја прифатив без многу размислувања, имав и други опции во Италија, но Милан ме бараше и во минатото, чувствував дека е дојден моментот да се приклучам на овој европски гигант“, изјави Мората.

Се вчитува...