Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, во летниот преоден рок ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го засили англискиот премиерлигаш Челси. Според изворите на британскиот „Телеграф“, тој им се доверил на своите блиски пријатели дека по завршувањето на сезоната сиурно ќе си замине од „кралскиот клуб“ и дека веќе го договорил трансферот во Челси, кај Антонио Конте, кој своевремено го доведе и во Јувентус.
Мората пред почетокот на оваа сезона се врати во Реал Мадрид од редовите на Јувентус, откако „кралевите“ ја активираа клаузулата во неговиот договор дека можат да го вратат назад за сума од 30 милиони евра. Арсенал беше силно заинтересиран за него, но Зинедин Зидан одлучи да го задржи во својот тим. Сепак, Мората е резервна опција за нападот на Реал Мадрид и тоа е главната причина за неговото незадоволство.
Челси е подготвен за него да плати околу 60 милиони евра, и јасно е дека „кралевите“ ќе заработат двојно на неговата продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА