Мората не дозволи лесна елиминација на Шпанија: Преку продолженија ќе се одлучува патникот до финале (ВИДЕО)

Италија и Шпанија преку продолженија ќе го бараат својот пат до финалето на Европското првенство 2020 откако во првата полуфинална пресметка на Вембли во Лондон играат 1-1 по регуларните 90 минути. Киеза ги доведе Италијанците до предност, но Мората со голот во 80. минута не дозволи лесна елиминација на својата селекција.

Стрелец на погодокот за Италијанците беше Киеза кој со мајсторски шут го совлада Унаи Симон во 60. минута.

Италијанците успешно се бранеа 20 минути, но Мората не дозволи така лесна елиминација на Шпанија па со погодокот во 80. минута го носи натпреварот кон продолженијата.

 

Се вчитува...