Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората одново ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“, но овој пат во дресот на Милан на гостувањето кај Реал Мадрид во Лигата на Шампионите.
Мората не е омилен кај навивачите на Реал Мадид со оглед на тоа што беше дел од „кралскиот тим“ и со него освои две шампионски титули во ЛШ, а потоа играше и за лутиот градски ривал Атлетико Мадрид. Шпанецот не очекува пријателски поздрав на легендарниот стадион.
„Не верувам дека работите се смениле многу, очекувам да бидам исвиркан на „Сантијаго Бернабеу“, свесен сум за тоа. Ќе биде исто како кога гостував со Атлетико“, вели Мората.
„Нормално е да имаме притисок кога играме на „Сан Сиро“, кога играме во Лигата на Шампионите и секогаш кога го носиме овој дрес. Секој натпревар носи различна одговорност, но тоа е повеќе привилегија отколку товар. Многу играчи би дале се, за да играат во вакви екипи, а јас ја имав таа среќа тоа да го направам на највисоко ниво“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА