Алваро Мората станува исфрустриран во Челси, откако воопшто не влезе во игра на дербито со Ливерпул и стана јасно дека лондонскиот клуб веќе не смета сериозно на неговите услуги. Шпанецот сака да се врати назад во Јувентус, а веќе имал и успешни разговори со управата на „старата дама“ на оваа тема. Проблем претставуваше платата од девет милиони евра што Мората ја зема во Челси, а што го надминува „плафонот“ во Мората се согласил на плата од 7,5 милиони евра, еднаква на онаа на Гонзало Игуаин.
Сега на потег е Челси, раководството на англискиот гигант е подготвено за разделба од промашеното засилување, но не планира и да претрпи загуба по вложените 66 милиони евра за негов ангажман од Реал Мадрид минатото лето. „Сините“ веќе одбиле 15 милиони евра за двогодишна позајмица од Јувентус, инсистирајќи да се преговара за перманентен трансфер, па интересно ќе биде да се види дали Јувентус ќе се согласи да плати околу 70 милиони евра, сума што Челси ја има зацртано како задоволителна.
Челси подготвува продажба на Мората за да доведе нов врвен голгетер во своите редови. Главни желби на Роман Абрамович се Роберт Левандовски, Единсон Кавани и Мауро Икарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА